Ферстапен ита кон нова титула, победи и во Канада (Фото)

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Канада со што се зацврсти на врвот на табелата и е чекор поблиску од одбрана на титулата.

За Холанѓанецот кој најбрзо мина 70 круга на патеката „Жил Вилнев“ ова е шестта победа сезонава.

Втор целта ја мина Карлос Саинц, а на подиумот имаше место и за седумкратниот шампион Луис Хамилтон, кој заврши како третопласиран.

- Оглас -

Најнови вести