Ферстапен ќе стартува како 15-ти, но брзината му дава право да верува во чудо

Карлос Саинс од Ферари има прилика да победи на Формула 1 трката за Големата награда на Белгија, утре Шпанецот ќе стартува прв, иако на денешните квалификации имаше второ најдобро време.

Најбрз беше Макс Ферстапен, но поради казната за менување делови во моторот, тој ќе стартува дури од 15-тата позиција. Казна има и за Шарл Леклер, кој ќе стартува од 16-то место.

Зад Саинс, на стартот ќе бидат Серхио Перез, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон, но којзнае што ќе се случува на трката и како ќе изгледа подиумот.

„Среќен сум што ќе стартувам прв, ја остваривме целта, но не ми се допаѓа големото заостанување кое го имаме зад Ферстапен и Ред Бул. Треба да видиме зошто заостануваме толку, и ќе се обидеме да победиме. Стартување од пол-позиција ни дава право да веруваме во победа“ – изјави Саинс.

- Оглас -

Најнови вести