Ферстапен од деветтата позиција до маестрална победа во Мајами (Фото)

Макс Ферстапен е победник на петтата трка од Формула 1 календарот за оваа сезона која вечерва се возеше во Мајами. Тој стартуваше од петтиот ред, односно од деветтата стартна позиција и на крајот успеа да победи пред клупскиот колега од Ред Бул, Серџо Перес.

Подиумот го комплетираше Фернандо Алонсо од Ферари на третата позиција, додека во бодови завршија уште и Расел, Сајнц, Хамилтон, Леклер, Гисли, Окон и Магнусен.

Следната трка се вози за две седмици во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести