Имран Фетаи го имаше своето деби во репрезентацијата на Македонија, дефанзивецот на Шкендија беше задоволен.
„Како за прв меч во националниот тим мислам дека одиграв добро, задоволен сум, се надевам дека ќе продолжам така. Ирска е цврст тим, мораше да играме јако. Беше тврда игра, тие немаа некои шанси, па ни ние. Мислам дека сите сме задоволни“, рече Фетаи.
Лука Станковски влезе да го размрда нападот, имаше некои закани, но без конкретна завршница.
„Дадовме сè од себе, се надевавме на позитивен резултат по оној меч во Данска. Но, таков е фудбалот, некогаш победуваш, некогаш губиш, некогаш реми. Нашето е да дадеме сè од себе во дресот на Македонија. Имавме две-три полушанси, се надевав дека ќе дадеме гол, се надеваме на позитивни резултати на наредните натпревари“, изјави Станковски.

