Фетел: Дајте ми ист болид како тој на Мерцедес и сите ќе ми гледаат во грб

Минатата сезона Ферари имаше конкурентен болид, па Себастијан Фетел и Шарл Леклер беа блиску зад Мерцедесите на Луис Хамилтон и Валтери Ботас, но во 2020 сликата е поинаква, италијанскиот тим многу заостанува. Во такви услови, барем засега, се покажува дека Фетел е подобар пилот од Шарл Леклер и дека не случајно има четири светски титули.

Фетел во следната година нема да биде во Ферари, а Леклер ќе остане, но возачот од Монако ако нема врвен болид, нема да може да се бори за врвот.

Пофалби за Фетел доаѓаат од легенди на Формула 1, а и самиот Германец е задоволен од формата.

„Дајте ми еднакво квалитетен болид и сигурен сум дека никој нема да биде пред мене“, рече Фетел, кој во 2021 би можелo да стане член на Рејсинг поинт, кој ќе се вика Астон Мартин.

- Оглас -

Најнови вести