Фетел ги вози последните кругови во Формула 1 и има квота 200 за пол-позиција денеска на Хунгароринг

Себастијан Фетел денеска и утре за последен пат ќе вози на Хунгароринг,откако објави крај на кариерата во Формула 1 по завршувањето на сезоната.

Денеска од 13 часот ќе се бори за што подобра стартна позиција на трката за Големата награда на Унгарија.

За подвиг и пол-позиција коефициентот е огромен во Sport Life и изнесува 200, а за место меѓу првите тројца за Фетел, квотата е точно 30.

Јасно е дека најмладиот светски шампион во Формула 1 е аутсајдер, но секако ќе биде поздравен со овации од трибините на последната трка што ќе ја вози на познатата патека во Унгарија во најбрзиот циркус на планетата.

Фетел е четирикратен светски првак и доминираше од 2010 до 2013 година, а првата титула ја освои како најмлад пилот во историјата на Формула 1, на 23-годишна возраст.

Со четирите шампионски круни сега веќе 35-годишниот Германец е на делба на четвртата позиција со Алан Прост на вечната листа со најтрофејни возачи во Ф1.

Пред нив се само Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по 7 титули и Хуан Мануел Фанџо со пет.

Фетел е вкупно трет на сите времиња со 53 победи на трките во Формула 1, на истата позиција е според бројот на искачувања на победничкиот подиум, а има вкупно 122 прбви, втори и трети места заедно.

Топ фаворит за пол-позицијата е Шарл Леклер, пилотот на Ферари, пред актуелниот светски првак Макс Ферстапен, кој е и лидер и во оваа сезона во Генерален пласман.

До 13 часот можете да се обложувате во Sport Life; кој ќе ја освои пол-позицијата на Хунгароринг, но има и понуда за место меѓу тројцата најбрзи денеска во битка за што подобра стартна позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести