Фетел: Или јас не чинам или болидот не е добар

Четирикратниот светски формула 1 шампион, Себастијан Фетел, не може да си објасни што се случува со неговите резултати по првите четири трки во новата сезона. Германскиот возач има освоено само девет бодови и е далеку зад својот клупски колега Чарлес Леклер кој два пати беше на пиедесталот и има освоено 33 бодови.

Фетел еднаш успеа да стигне до шестото место, два пати беше десетопласиран, а еднаш не беше меѓу возачите кои освојуваа бодови. И самиот возач не може да даде објаснување за лошите резултати.

„Болидот е многу тежок за возење. Се мачам, а не знам зошто е тоа така. Само знам дека нешто не е како што треба. Вака нема да направиме ништо. Има нешто што не е во ред, или јас или болидот. Ова не е воопшто убаво“, вели Фетел.

Германецот има само уште една година од договорот со Ферари и сигурно ќе си замине од италијанскиот тим. Засега не се знае дали Фетел ќе најде нов тим или ќе ја заврши Ф1 кариерата на крајот од оваа сезона.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози в недела и тоа повторно на патеката Силверстоун и тоа како прослава за 70 години од постоењето на Гранд при. На трката која се возеше на 2 август победи Луис Хамилтон, кога Британецот во драматичен финиш, ниц целта помина со само три гуми на својот болид. Хамилтон е лидер во генерален пласман со 88 бодови, пред Валтери Ботас со 58 бодови.

- Оглас -

Најнови вести