Фетел: Погрешив и морам да ја прифатам вината

Погрешив и морам да ја прифатам вината, вели Себастијан Фетел по трката за Големата награда на Бахреин на стартот од новата сезона во Формула 1.

Фетел во една ситуација направи грешка во битката со Хамилтон и потоа мораше во боксот со оштетени гуми и без крило на болидот.

„Нема никаква врска со притисок. Само направив погрешен потег, што скапо ме чинеше. Кога ја видов гумата како се распаѓа, знаев дека имам голем проблем. Потоа имаше многу вибрации и отпадна и крилото. Одиме понатаму“, вели Фетел.

На поправен Германецот ќе оди веќе на следната трка, во Кина на 14. април.

- Оглас -

Најнови вести