Фетел прв ја помина целта, но Хамилтон победи!

Луис Хамилтон е победник на трката за големата награда на Канада иако Британецот не ја помина прв целната рамнина. Себастијан Фетел, кој стартуваше од пол-позицијата, прв ја помина целта, но поради казната од пет секунди која ја доби по еден инцидент токму со Хамилтон во 48-миот круг, не е победник.

Фетел загуби контрола над болидот, излета за кратко, а кога се врати, малку фалеше да го истурка Хамилтон. Стјуардите одлучија дека Фетел е виновен и треба да добие казна од пет секунди. Таа одлука беше во 58-миот круг и веќе на 12 круга пред крајот се знаеше дека Хамилтон ќе победи, иако нема да помине прв низ целта на патеката во Монтреал.

Трет на крајот заврши вториот возач на Ферари, Леклер, кој заостана шест секунди зад Фетел, а кога ќе се одземат пет секунди казна, тоа значи дека заостана една секунда на крајот зад својот клупски колега. На четвртото место заврши Ботас, а потоа низ целта поминаа Ферстапен, Рикијардо…

- Оглас -

Најнови вести