ФФМ и Пивара: Заедно и сè е можно

Фудбалската федерација на Македонија и Пивара Скопје со новата навивачка химна го прославија потпишувањето на договорот за поддршка на Македонија на историското прво Европско првенство за нашата сениорска репрезентација.

„Одиме на ЕП, тоа е сон од наше детство. Ни преставува исклучително задоволство што нашата репрезенатција и куќата на фудбалот добиваат нов партнер во името на Пивара Скопје. Ме радува тоа што еден од нашите претпознатливи брендови, славното Скопско Пиво, станува бренд на нашата репрезенацијата. Ова партнерство заеднички го заслужуваме. Претставува дефиниција за успех и нови победи. Секогаш е убаво кога имате поддржувачи, а нашиот национален тим како никогаш досега ја има поддршката од сите страни. Вие потврдувате колку е важен спортот за вас. Вие во вистинска смисла станувате член на фудбалското семејство. Верувам дека заеднички ќе се радуваме на нови победи, дека ќе славиме со „наздравје – со нови победи“ Напред Македонија.-рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Задоволен од соработката беше и генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, кој не заборави да потенцира дека му се допаѓа и навивачката химна од бендот ВИС Рисови, што ја свиреше пред зградата на ФФМ.

„Пофалба за бендот, ми недостасува таа атмосфера, браво момци. Прво да им честитам на репрезенатцијата пласман на ЕП. Знаете дека Скопско долго време е партнер на спортот, а денеска официјално стануваме партнер на фудбалската репрезенатција. Ако постои најдобар збор што за нас тоа значи тоа е што сме горди, и среќни што сме дел од оваа приказна и историјата. Репрезентацијата ќе даде се што може на ова ЕП, што е слоган на нашето парнерство „Се е можно“. Сакам да посакам на репрезентацијата многу успех, и се надевам дека ќе ни донесат задоволство во овие незгодни времиња“, рече Сладиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести