ФФМ им се заблагодари на навивачите за поддршката против Малта

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи упати благодарност до публиката која дојде во голем број да ги бодри нашите репрезентативци на дуелот против Малта.

„Навистина сме горди на тоа што со поддршка од Вас, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација за важна победа на почеток од квалификациите за ЕП 2024“, се вели во дел од пораката упатена од ФФМ до публиката.

На трибините на Националната арена „Тодор Проески“ имаше изненадувачки добра посета, со оглед на атрактивноста на противникот. Според слободна проценка, на вчерашниот натпревар имаше повеќе од 10.000 гледачи, но според официјалниот записник, дуелот Македонија – Малта го следеле 9.991 гледач.

Нашата репрезентација следниот натпревар ќе го одигра во понеделник, против селекцијата на Фарски Острови, и тој ќе биде од пријателски карактер.

- Оглас -

Најнови вести