ФФМ ќе им исплати премија од 100 илјади евра на репрезентативците

Македонската репрезентација забележа вредна победа против Словенија во квалификациите за ЕП 2020. и со дополнителен мотив за позитивен резултат отпатува за Варшава на мегдан на лидерот Полска.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го изрази своето задоволство од остварените резултати, истакнувајќи дека посакува оваа приказна да продолжи и да бидеме уште подобри. Управниот одбор на ФФМ одлучи да се исплати премија за репрезентативците во износ од 100.000 илијади евра, парична награда која беше предвидена за постигнатиот резултат.

Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобриизјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Со Полска ќе играме во Варшава на 13.октомври, а потоа ни следат дуели со Австрија на гости и со Израел дома.

 

- Оглас -

Најнови вести