ФФМ со порака до фановите: Зад секој голем тим, стои голема поддршка!

Фудбалската федерација на Македонија на интересен начин ги повика љубителите на фудбалот и спортот вечерва да дојдат на арената „Тодор Проески“ во Скопје и да му дадат поддршка на националниот тим во дуелот со Грузија од Лигата на нациите.

Познатата поговорка дека зад секој успешен маж, стои успешна жена ја искористија во ФФМ, па порачуваат: „Зад секој голем тим… стои голема поддршка“. И навистина е така. Кога големите репрезентации играат дома, стадионот е полн, без разлика кој е гостинот.

Билетите се продаваат по цена од 350 и 250 денари, во зависност од блокот на трибината.

- Оглас -

Најнови вести