ФИФА им донира 150 милиони долари на своите членки

ФИФА одлучи да им донира 150 милиони американски долари кои ќе се поделат на сите 211 членки како финансиски надомест. Ова е само прв чекор од планот на Светската фудбалска куќа да им помогне на федерациите кои се погодени од моменталната ситуација со пандемијата, а меѓу нив секако е и Федерацијата на Македонија.

„Наша должност како одговорно тело на светскиот фудбал е да им помогнеме на нашите членки на кои им е потребна финансиска поддршка. Пандемијата ја стави на тест целата фудбалска заедница и ова е нашиот прв одговор, а ќе дејствуваме и во иднина“, кажа претседателот Џани Инфантино.

Делбата ќе биде за сите федерации еднакво, односно ќе добијат по 500.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести