ФИФА дозволи на ОИ да играат и родените во 1997, слават Аргентинците и Шпанците

Одложувањето на Олимписките игри во Токио за следното лето, отвори прашање што е со фудбалерите кои се родени во 1997 година, бидејќи правилото е оти во тимовите смее да има само тројца играчи постари од 23 години, а генерацијата 97 годинава требаше да игра на ОИ. ФИФА синоќа донесе одлука дека играчите кои сега имаат 23 години, ќе смеат да играат и в година, без да се сметаат во оние тројца постари.

Оваа одлука со задоволство ја примија во Аргентина и Шпанија. Така, Аргентинците ќе може да сметаат на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес и на Понсе од Спартак Москва, додека Црвената фурија може да користи одлични играчи како Ојарсабал, Мајорал, Валјехо, Солер. Право на настап ќе имаат и Габриел Жезус за Бразил, Усман Дембеле за Франција.

Особено моќен тим ќе може да извадат Бразилците, кои имаат неколку екстра млади играчи како оние во Реал Мадрид, Винисиус, Родриго и Реиниер, а и Нејмар имаше желба да игра во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести