ФИФА го претстави логото за СП 2022 (видео)

Официјалниот амблем за Светското првенство 2022, кое ќе се одржи во Катар, денес беше обелоденет од страна на ФИФА. Иако до стартот на Мундијалот има уште две и пол години, со ова лого постепено се најавува 22-рото издание на најгледаниот фудбалски настан на планетава.

Формата на самото лого крие неколку автентични пораки. Прво, налик на бројот 8, претставува бројот на стадиони на кои ќе се играат натпреварите. Се познава и знакот „инфинити“, односно бесконечност, рефлектирајќи на интерната поврзаност на самиот настан. Меѓу другото, може да се забележи и формата на тројфеот „Жулс Риме“.

За првпат во историјата, Светското првенство ќе се одржи во ноември и декември, па затоа логото наликува како да е направено од традиционална катарска шарпа. Шарпата обично се носи во зимскиот период, наговестувајќи во кој период ќе се одржи Мундијалот.

Креативност на ниво.

- Оглас -

Најнови вести