ФИФА и УЕФА се огласија во врска со спорот на релација ФФМ-АМС

Фудбалската федерација на Македонија објави официјален допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот помеѓу Агенцијата за млади и спорт и ФФМ околу Статутот на ФФМ.

„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА  ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор. Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа. Иако датумот на изборното Собрание не е утврден, веруваме дека тоа ќе се одржи навремено и во разумен рок.

Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на негова усогласеност со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство. Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“, стои во известувањето на ФФМ и има копија од соопштението од светската и европската федерација.

 

- Оглас -

Најнови вести