ФИФА ја заобиколи традицијата, Светското првенство нема да почне со мечот Катар – Еквадор

ФИФА одлучи да отстапи од традицијата на првиот меч од фудбалското Светско првенство да игра домаќинот што беше пракса на последните првенства, или шампионот како некогаш, па Мундијалот во Катар ќе го отворат Холандија и Сенегал во Доха, а средбата ќе почне во 11 часот по средноевропско време.

Тоа ќе биде дуел од групата А во која се и Катар и Еквадор, селекции кои својот дуел ќе го одиграат истотака на 21 ноември, но од 17 часот во Ал Кор.

На првиот ден од СП во Катар, ќе се играат и двата меча од групата Б: Англија – Иран, и САД против европскиот тим кој ќе влезе преку бараж (Велс, Шкотска или Украина).

- Оглас -

Најнови вести