ФИФА на мака: Дали Израел ќе игра на Светското првенство?

Светската Фудбалска Асоцијација, ФИФА, се најде во големи проблеми само на пет дена пред ждрепката за Светското првенство за играчи до 20 години. Домаќин на турнирот е Индонезија, а за првпат во историјата Израел обезбеди учество на ваков турнир. Во земјата домаќин се организираат протести против учеството на Израел, но и со барање да им се забрани влез во земјата. Индонезија ја поддржува Палестина во спорот со Израел и тоа е причината за протестите.

Светското првенство треба да се одржи од 20 мај до 11 јуни, а ждрепката е одложена и ФИФА бара начин како да се справи со оваа несакана ситуација. Една од опциите е Израел да не игра на Светското првенство за играчи до 20 години, но втората е да ѝ биде одземено домаќинството на Индонезија, а притоа да биде суспендираната и нивната сениорска репрезентација од Квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Претседател на Фудбалскиот сојуз на Индонезија е поранешниот сопственик на Интер од Милано, Ерик Тохир. Воедно тој е и претседател на Олимпискиот комитет на оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести