ФИФА на слатки маки околу изборот за наградата „Пушкаш“ (видео)

Наградата „Пушкаш“ за најубав постигнат погодок која ФИФА ја доделува секоја година, ќе заврши во рацете на еден од тројцата кандидати кои влегоа во потесниот круг. Во конкуренција се Сон Хеунг-мин, Луис Суарес и Гиоргијан Де Араскета.

Наградата ќе се додели на 17 декември при церемонијата „The Best“ во Цирих.

Ѕвездата на Тотенхем конкурира со неверојатниот слалом во дуелот против Барнли, кога претрча повеќе од 70 метри со топката и сам ги насамари речиси сите гостински фудбалери пред да ја затресе мрежата.

Нема да биде незаслужено доколку наградата заврши кај Сон, меѓутоа се прашува и Луис Суарес и неговата магична штикла против Мајорка. Уругваецот овој прекрасен погодок го постигна во дресот на Барселона, по што цел „Камп ноу“ падна во транс.

Меѓу финалистите се најдеи фудбалерот на Фламенго, Гиоргијан Де Араскета со феноменалните ножички во дуелот од бразислкиот шампионат против Сеара.

- Оглас -

Најнови вести