ФИФА најави дека од следниот Мундијал ќе има ден посветен на Марадона

Претседателот на светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, смета дека од наредното Светско првенство треба да има ден посветен на Диего Марадона.

Легендарниот Аргентинец почина на 60-годишна возраст на 25 ноември 2020 година од срцев удар.

Оддавајќи почит за време на Светското првенство во Катар по повод втората годишнина од смртта на Марадона, Инфантино рече дека дека на секое наредно Светско првенство, светот треба да се потсетува на легендарниот Аргентинецот и еден ден треба да биде посветен токму за него.

„Диего е бесмртен, тој е со нас. Не само што треба да му оддадеме почит, туку треба и да го славиме Диего. Би сакал на секое наредно Светско првенство да издвојуваме еден ден за славење на Диего Армандо Марадона, бидејќи тој направи многу луѓе да се заљубат во фудбалот.

Јас сум Италијанец и навивам за Интер, не сум навивач на Аргентина или Наполи, и секако Диего многупати ги расплака и Интер и Италија, но ние сепак го сакаме. Диего беше голем лидер во Аргентина, во Јужна Америка и во целиот свет. Мораме да продолжиме да го славиме. Чувствувам голема емоција, посакуваме тој да беше тука на ова Светско првенство, но тој е во сите наши срца”, изјави Инфантино.

- Оглас -

Најнови вести