Фиго јасно и гласно кажа кого го смета за главен виновник за поразот на Португалија од Мароко

Португалија неочекувано испадна во четвртфиналето од Светското првенство во Катар по поразот од Мароко со 0:1. Мисијата на Португалија беше да се освои Мундијалот, откако во изминативе неколку години се радуваа на титулата на Европското првенство и во Лигата на нации.

Сепак, сонот на Португалија нема да може да се реализира барем уште четири години, до СП 2026. Фудбалската легенда во Португалија, Луис Фиго реши јасно и гласно да каже кого го смета за главен виновник за елиминацијата од Мундијалот во Катар.

„Не можете да го освоите Светското првенство со Кристијано Роналдо на клупата за резерви. Победа против Швајцарија? Супер, но не можете тоа да го правите на секој меч. Не. Да се остави Кристијано Роналдо на клупата за резерви беше голема грешка. Селекторот и неговиот стручен штаб се виновни за овој пораз“, рече Фиго.

Освен Фиго, се поголем дел од јавноста како виновник за елиминацијата го смета селекторот Фернардо Сантош.

- Оглас -

Најнови вести