Фил Џоунс потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Фил Џоунс и во следните четири години ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед, откако англискиот дефанзивец се обврза на нов договор со клубот. Според стариот договор, Џоунс можеше како слободен играч да замине од Јунајед по крајот на сезоната, но клубот му понуди нова соработка која ќе трае најмалку до 2023 година, додека според одредена клаузула, таа може да се продолжи на уште една година.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор. Манчестер е голем дел од мојот живот во изминативе осум години и мило ми е што уште долго време ќе бидам тука. Исто така сакам да им се заблагодарам на Солскјер и на стручниот штаб за укажаната доверба“, истакна Џоунс.

Во просториите на Јунајтед деновиве се очекува уште еден потпис, а британските медиуми велат дека Рашфорд ќе се согласи на долгогодишен договор според кој ќе заработува 200.000 фунти неделно.

- Оглас -

Најнови вести