Филаделфија е следна плејоф-пречка за Орландо

Орландо меџик  – Филаделфија севентисиксерс (00 часот)

Триумфот издвоен во ноември минатата година е единствен за Орландо во последните седум средби против Филаделфија, а сега „сиксерси“ им стојат на патот до плејофот. Орландо го двојат две победи од местото кое води во плејофот, вечерва им е потребен позитивен резултат, а доколку успеат, за два дена ќе се соочат со Мајами во директна пресметка за осмата позиција.

На нивна страна е формата, Орландо е во победнички ритам во последните четири меча, додека Атланта вчера ја прекина серијата на Сиксерс која траеше шест натпревари.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Мемфис гризлис – Оклахома сити тандер (01 часот)

Двете овосезонски пресметки на овие две екипи завршија со минус вкупен збир на поени, нема да биде изненадување и вечерва да се повтори таков исход. Во составот на Мемфис недостасуваат неколку клучни играчи и се во лоша форма, иам само еден триумф во последните пет меча. Ниту Оклахома не е нешто подобра, против Торонто стави крај на низата од четири порази, што значи дека и таа има една победа од последните пет средби во шампионатот.

Оклахома е екипата која повеќе ја посакува победата бидејќи така ќе биде еден чекор поблиску кон заверување на местото во разигрувањата.

Предлог тип: <212.5 (2.05)

 

Јута џез – Феникс санс (02 часот)

Јута е апсолутен фаворит во дуелот со Феникс не само поради позицијата на табелата од Западната конференција, туку поради и традицијата која ја држат против „сонцињата“. Јута има пет последователни триумфи против тимот кој го води Игор Кокошков, ноќеска пред своите навивачи треба да ја продолжат доминацијата, а воедно ќе можат да се израмнат со Клиперс по учинокот, екипата од Ел-Еј засега има 44 победи и 30 порази, една победа повеќе од „џезерите“.

Предлог тип: Т1 >115.5 (1.83)

 

Портланд трејлблејзерс – Бруклин нетс (03 часот)

Интересни и крајно неизвесни се пресметките на Бруклин и Портланд, а сезонава само вторпат ќе ги одмерат силите. Портланд има само еден пораз од Нетс во последните седум меѓусебни пресметки, а ноќеска од нив се очекува да продолжат со низата победи, која ја започнаа со триумфите над Детроит, Далас и Индијана.

Бруклин, пак, бие битка со Детроит за шестата позиција на Истокот, има една победа повеќе од Пистонс, што значи дека нов позитивен резултат ќе му ја зацврсти позицијата за разигрувања.

Предлог тип: 1-1 (1.80)

 

Тампа беј лајтнинг – Бостон бруинс (00:30 часот)

Дербито на вечерта во НХЛ-лигата се игра во Тампа беј, а лидерот од Истокот го пречекува вториот најдобар тим од оваа конференција. По минатогодишната четвртфинална серија, која му припадна на Тампа беј, Бостон еднаш успеа да се реваншира со победа од 4-1, а сега има намера двојно да прослави против најдобриот тим од Истокот.

Бруинс во добар период гостува кај нивниот ривал, со серија од четири последователни победи ќе се обиде да го задржи победничкото расположение. Тампа беј, пак, има намера да се закрепне од поразот со 4-3 кој го претрпе од Сент Луис пред еден ден. Тешко е да се предвиди победник, но едно е сигурно, погодоци нема да недостасуваат.

Предлог тип: >6.50 (2.30)

 

 

- Оглас -

Најнови вести