Филаделфија ја има нај(не)нормалната почетна петорка во НБА

Тренерот на Филаделфија 76 ерс, Мајк Скот, на синоќешниот натпревар од НБА-лигата, во првата петорка на паркет извади тим во кој немаше ниту еден истетовиран кошаркар. Во последните години вистинска реткост е да се види вакво нешто.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на Филаделфија е Ален Ајверсон, кој целиот беше со тетоважи, но очигледно дека работите се менуваат, па имиџот на стартерите на Сиксерс (Џош Ричардсон, Бен Симонс, Џоел Ембид, Тобијас Херис и Ал Хорфорд) е драстично поинаков и мислат дека тетоважите не се тие коишто играат.

Во НБА-лигата нема ниту еден друг тим кој во првата петорка има само „чисти“ кошаркари, без тетоважи.

- Оглас -

Најнови вести