Филип Талески ни ја знае маната: Треба побрзо да се враќаме во одбрана

Од Филип Талески се очекува конечно да биде еден од столбовите на македонската репрезентација на Европското првенство што ќе се игра во јануари и на кое во првата фаза нè чекаат тешки мечеви со Словенија, Црна Гора и Данска.

Денеска за загревање го победивме Израел со 31:28, а утре против истиот ривал ќе го имаме последниот тест пред патот за Дебрецин.

„Прво би кажал дека треба побрзо да се враќаме од фаза на напад во одбрана и тоа вечерва ни беше главната слабост. Беше турбулентен меч, а имавме и многу технички грешки. Можеме да трчаме, добро сме подготвени, но овие два сегменти треба да ги подобриме за да очекуваме добар резултат на Европското првенство“, изјави бекот на македонската репрезентација.

Македонија, како што истакна и селекторот Кирил Лазаров, имаше и многу проблеми во овој период, но добро е што победуваме на тест-натпреварите за да заминеме на ЕП со победнички дух.

- Оглас -

Најнови вести