Филмски крај на Премиерлигата, Лестер остана без ЛШ

Лестер загуби од Тотенхем со 2-4, и остана без место во Лигата на шампионите, а ако победеше, ќе имаше обезбедено место во европската елита. Лисиците водеа со 2-1, но во финишот примија три гола и ќе мора да се задоволат со Лига Европа. Во последното коло од Премиерлигата, на сите десет меча имаше победник.

Челзи си играше со оган, загуби од Астон Вила, но сепак ќе игра во ЛШ, благодарение на поразот на Лестер. Ливерпул со одлична серија победи во финишот на сезоната, денеска со два гола на Садио Мане победи против Кристал Палас, не дозволи да се најде надвор од ЛШ. Простување од Манчестер сити со победа од 5-0 имаше Серхио Агуеро, а самиот Кун даде два гола. Тој даде два гола како резерва и на првиот меч во дресот на Граѓаните пред десет години.

Во ЛШ играат првакот Манчестер сити, вицепрвакот Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челзи. Лестер и Вест Хем ќе ја претставуват Англија во Лига Европа, додека Тотенхем ќе игра во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести