Филмски крај за Јованка Радичевиќ, се прости од репрезентацијата со бронза од ЕП!

Репрезентацијата на Црна Гора го освои третото место на Европското првенство за жени откако во дуелот за бронза, ја победија Франција со 27-25, и тоа по продолженија.

Ова беше последен меч за легендарното крило Јованка Радичевиќ во нејзината репрезентативна кариера. Популарната Јока во минатото играше и за скопски Вардар, а на последниот меч за Црна Гора таа даде 6 гола и беше прв стрелец во својот тим.

Французинките со гол од пенал на две секунди до крајот се изборија за продолженија, но по двапати по пет минути им немаше спас, утнаа еден седмерец во клучен момент.

Црногорките беа подобри и помотивирани, па ќе се закитат со бронзени медали. Црна Гора пред 10 години беше европски првак, ова им е втор пат да освојат медал.

- Оглас -

Најнови вести