Финалето на Купот закажано за 22 мај во Скопје

Финалето од Купот на Македонија помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе се одигра на 22. мај на Националната арена „Тодор Проески“, со почеток во 18.30 часот. Ова го објави Фудбалската федерација на Македонија, која со ова ја прекина неизвесноста околу терминот и местото на одигрување на настанот на кој еден од финалистите може да дојде до првиот трофеј во клупската историја.

„Лавовите“ од Ѓорче третпат ќе играат финале во Купот на Македонија, додека „пандевци“ ќе дебитираат во еден финален натпревар. Тимот од скопската населба Ѓорче Петров го освои трофејот во сезоната 2005/06 кога во финалето беше совладана Шкендија со 3:2. Три години подоцна Македонија ЃП загуби од Работнички со 2:0, па сега по една деценија, повторно ќе има нова шанса за освојување на пехарот од Купот. Академија Пандев минатата сезона по изведување на пенали загуби од Пелистер во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести