Финалето на ЛК ќе биде ефикасно, Истанбул ќе се спаси од испаѓање, а Лудогорец ќе ја освои титулата во Бугарија (Фото)

6045 – Фиорентина – Вест хем (21:00)

Екипите на Фиорентина и Вест хем вечерва во Прага ќе водат битка за вториот европски трофеј. Двете екипи никогаш во историјата немаат одиграно меѓусебен натпревар, но италијанската екипа има серија од пет натпревари на кои се треселе двете мрежи. Кај Вест хем таков е случајот на последните два натревари, а се очекува да продолжи и во финалето.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.55)

 

1956 – Истанбулспор – Умранијеспор (19:00)

Последното коло во турскиот шампионат ќе одлучува која ќе биде екипата која ќе ѝ се придружи на Умранијеспор во втората лига. Во конкуренција се Истанбулспор и Гиресунспор. Сепак, екипата од Истанбул е во пол-позиција бидејќи зависи сама од себе и со победа над веќе испаднатиот Умранијеспор ќе си го обезбеди опстанокот во турската Супер лига.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.00)

 

1311 – Леванте – Албасете (21:00)

Леванте и Албасете вечерва ќе го дадат првиот патник во финалето на плејофот за пласман во шпанската Примера. Леванте е на чекор да го направи тоа бидејќи забележа убедлива победа од 3-1 на гостувањето кај Албасете во првиот меч. Гостите ќе мора да тргнат офанзивно на вечерниот дуел, а тоа треба да го искористат напаѓачите на Леванте и да стават точка на пласманот во финалето.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (3.30)

 

3154 – Черно Море – Лудогорец (17:45)

Попладнево ќе биде одлучен шампионот на Бугарија. Тоа ќе биде Лудогорец или ЦСКА Софија. Токму Лудогорец е во пол-позиција и со победа ќе биде старо-нов освојувач на трофејот. Екипата од Разград има противник по мерка за такво нешто бидејќи гостува во Варна, кај екипата на Черно Море, противник кој во првенството го победува осумпати по ред.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.05)

 

5643 – УСМ Алгер – Бискра (17:30)

Дуел од првенството на Алжир во кој екипите имаат интересна традиција. Алгер секогаш ја победувал Бискра на домашен терен и секогаш постигнувал најмалку по два погодока. Така се очекува да биде и денес. Домашните се апсолутни фаворити во дуел на кој се очекува да бидат ефикасни.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести