Финалето на ЛШ во 2026 година ќе се игра на 800 километри од Скопје

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите во 2026 година ќе се игра на „Пушкаш арената“ во Будимпешта, Унгарија, објави Европската фудбалска федерација (УЕФА) по денешниот состанок на Извршниот одбор кој се одржа во Даблин.

По пауза од 17 години и Атина, Грција, натпреварот кој ќе го даде европскиот шампион повторно ќе се игра релативно блиску од Македонија, главниот град на Унгарија од Скопје е оддалечен 801 километар.

Финалето на ЛШ во женска конкуренција во 2026 година ќе се игра во Осло, Норвешка.

Домаќинот на финалето во елитното натпреварување во 2027 година не е одреден бидејќи Извршниот одбор на УЕФА одлучи да го почека Милано да достави план за реновирање на стадионот „Сан Сиро“ пред да ја добие можноста да го организира мечот за титулата.

За женското финале во ЛШ во 2027 година ќе биде отворена нова процедура, кандидатурата на Штутгарт е одбиена бидејќи Германија во 2026 и 2027 година ќе организира два финални меча.

Во Франкурт во 2027 година ќе се игра финалето во Лигата на Европа, додека финалето во Лигата на конференции во 2026 година ќе се игра во Лајпциг.

На стадионот на Бешикташ во Истанбул ќе се играат финалињата во Лигата на Европа во 2026 година и на Лигата на конференции во 2027 година.

Финалето во ЛШ во машка конкуренција идната година ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести