Финалето на шпанскиот куп е загрозено, но не од коронавирусот, туку од концерт!

Финалето на шпанскиот фудбалски клуб помеѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад кое требаше да се игра со публика на 18 април, па беше презакажано за 31 мај на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја, е доведено под прашање, и тоа не само поради коронавирусот. Претходната вечер, на 30 мај, на истиот стадион треба да се одржи концерт на музичката група Екстремодуро.

Музичката рок група која е на проштална турнеја, ќе има голем концерт, продадени се 70.000 билети, во публиката ќе има луѓе и од странство, па нема да биде можно играчите на Реал и Атлетик да тренираат претходниот ден пред финалето и федерацијата нема да може нормално да ги врши подготовките околу организацијата на мечот. Друг проблем е и тоа што теренот ќе биде уништен.

Се разгледуваат три опции: или концертот да биде одложен или да се одржи на друг стадион во Севилја, фудбалскиот меч да се игра на некој друг стадион во Севилја („Санчес Пичуан“ на Севила или „Бенито Вилјамарин“ на Бетис), или финалето да се игра во друг термин, на пример некаде во јуни. Шпанската федерација има договор трите наредни финалиња да се играат на Ла Картуха, и затоа не сакаат да се игра на друг стадион.

- Оглас -

Најнови вести