Финалето на СП 2026 може да биде прво во историјата кое ќе се игра на стадион со затворен кров

Светската фудбалска федерација утре ќе објави каде ќе се игра финалето на Светското првенство во 2026 година кое ќе го организираат САД, Мексико и Канада и тоа ќе биде историски натпревар поради еден детаљ.

Засега е познато дека финалето ќе се игра во САД, а најголем фаворит е Далас и мечот да титалата ќе се игра на „АТиТ дом“ каде своите домашни мечеви ги игра НФЛ-тимот на Далас каубојс.

Во конкуренција се уште Њујорк и стадионот „Метлајф“ на кои играат НФЛ-екипите на Њујорк џајантс и Њујорк метс, како и Лос Анџелес со стадионот „СоФај“, дом на исто така НФЛ-тим, Лос Анџелес ремс.

Два од трите стадиони, тие во Далас и Лос Анџелес, имаат затворен кров, што значи дека во 2026 година би можело за првпат финале на Светско првенство да се игра на стадион со затворен кров, што би претставувало адут за овие два градови поради високите температури во кои би се играле натпреварите. Предвидено е финалето да се игра во централен термин по средноевропско време.

Конечната одлука на кој стадион ќе се игра финалето на СП 2026 година, ќе ја објави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

- Оглас -

Најнови вести