Фино му се погоди – Ван Бомел ќе ги предводи германските волци во ЛШ

Марк ван Бомел го прифати предизвикот и е нов тренер на Волфбсург по една од најуспешните сезони на популарните Волци во Бундеслигата и обезбедениот настап во Лигата на шампионите.

Познатиот поранешен фудбалски ас потпиша двегодишен договор и го наследи Оливер Гласнер, кој си замина од Волфсбург и е нов тренер на Ајнтрахт Франкфурт.

Ван Бомел има скромно искуство како тренер и ова веројатно ќе му биде најголем предизвик во кариерата во улога на шеф на стручен штаб.

Почна како асистент во австралискиот национален тим, потоа една сезона беше тренер на ПСВ Ајндховен, па повторно беше асистент во национален тим, лани и годинава во Обединетите Арапски Емирати, а сега прифати да го предводи Волфсбург до 2023 година, со обезбеден настап во Лигата на шампионите во следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести