Финска на неверојатен начин дојде до светската титула во хокеј (Видео)

Марко Антила е новата ѕвезда на финскиот, а и на светскиот хокеј. Овој хокеар ги реши „непобедливите“ Руси во полуфиналето, а денеска ги даде клучните два гола во финалето против уште еден фаворит, Канада.

Канаѓаните поведоа со 1-0 во првата третина, а потоа после 2,35 минути игра и во втората и во третата третина, Антила даваше голови со кои направи пресврт. Ова е неверојатно поклопување кое е доказ дека на Финците како да им беше пишано да ја освојат светската титула на шампионатот во Словачка. Откако поведоа со 2-1, финската одбрана ги запре „јаворовите листови“, а точка стави Хари Песонен на четири минути до крајот.

Ова е голот на Антила за 2-1:

Еве го и голот за 3-1, кој дефинитивно ја скрши Канада:

- Оглас -

Најнови вести