Финците брзо научија географија – Ja избришаа Северна М. во Тампере игра Македонија (Фото)

Финците брзо се корегираа откако на мечот со Шпанија на семафорот во салата во Тампере на местото резервирано за нашата репрезентација стоеше Северна М.

Кованицата што не постои во ниту една варијанта за името на нашата држава брзо беше корегирана по сегестија од нашиoт одбојкарски табор и денеска на дуелот со Русија на семафорот стои кратенката МКД.

Македонија моментно игра против фаворитот Русија и губи со 0:2 во сетови, па се наѕира и петтиот пораз на одбојкарското Европско првенство во исто толку меча.

Ова е и последниот натпревар за нас во Ц групата, па веројатно ќе бидеме последни без победа и без бодови.

Во текот на сите мечеви од ЕП, македонската репрезентација имаше голема подршка од верните навивачи на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести