Фиорентина го врати Прандели на клупата

Фиорентина го ангажираше Чезаре Прандели за нов тренер откако претходно му врачи отказ на Бепе Јакини. Првиот отказ во Серија А сезонава се случи токму на „Артемио Франки“, а некогашниот селектор на Италија потпиша договор со Виолетовите до крајот на актуелната сезона.

Прандели е добро познато лице во Фиренца, беше тренер на Фиорентина од 2005 до 2010 година, по што ја напушти позицијата за да биде предводник на Аѕурите. Инаку Фиорентина по привременотo решение, односно пред почетокот на сезоната 2021/22, ќе бира меѓу двајцата главни кандидати за иден долгорочен тренер, тоа се Маурицио Сари и Лучијано Спалети.

Што се однесува за Јакини, отказот му беше неизбежен откако екипата по седум кола во Калчото, запиша само две победи, исто толку ремија, а трипати претрпи пораз со негативна гол-разлика од 10:12, по што Виолетовите се наоѓаат на 12-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести