Фиорентина и Рома ќе играат „ревијално“ за прогнозерите, три неделни „сигурици“, потфрлија

Ниту во ова 34-то коло на Спортска прогноза, за жал, ќе немаме освојувач на прекрасниот „ајфон 12“.

Шестмина прогнозери имаат по осум погодени натпревари, што е недоволно за да се добие на подарок и еден од ваучерите на Sport Life, без разлика на исходот на мечот меѓу Фиорентина и Рома.

На оваа средба, пак, „најгласни“ се тие што веруваат дека ќе нема победник (39,49%)

Ремито меѓу Салернитана и Калјари, каде што гостите дадоа гол дури во 99-тата минута за 1:1, како и истиот резултат меѓу Еспањол и Осасуна најмногу ги разочараа прогнозерите.

Тука е и ремито меѓу Феенорд и ПСВ (2:2), каде што половина од прогнозерите сметаа дека ќе има гостинска радост.

Во генералниот пласман, каде што најдобриот добива на подарок Смарт ТВ од 48 инчи, во моментов напред е Т. Христијан, којшто има 239 бода, а веднаш зад него само со еден помалку следува Д. Живко, додека Т. Саша е под број три со 236 освоени бодови.

Покрај прекрасниот Смарт ТВ, којшто е резервиран за првопласираниот, второто место за подарок добива 500.000 SL маркет поени, третото место 400 илјади, четвртото место ќе добие 300 илјади додека петтопласираниот ќе добие 200 илјади SL маркет поени.

 

- Оглас -

Најнови вести