Фиорентина потврди: Влаховиќ одби да биде најплатениот фудбалер во клупската историја

Душан Влаховиќ ги одби сите понуди за нов договор со Фиорентина и со тоа практично е најавена неговата продажба во наредните трансфер-периоди. Српскиот голгетер го одби најголемиот договор во историјата на клубот, а со тоа да го надмине и легендарниот Габриел Батистута.

„Откако сум пристигнат во Фиорентина, им ветив на нашите навивачи дека ќе бидам транспарентен, а така е и со новиот договор на Душан Влаховиќ. Иако му беше понуден најбогатиот договор во историјата на клубот, а потоа и неколку пати зголемуван со цел да се задоволат барањата на играчот, сепак, одлучивме да ги прекинеме разговорите.

Се надеваме дека Влаховиќ ќе одигра максимално во преостанатиот период, а ние ќе најдеме негова адекватна замена“, се вели во соопштението на претседателот на Фиорентина, Роко Комисо.

Србинот одби годишна плата од 5 милиони евра, и тоа во наредните четири години. Актуелниот договор му истекува за 21 месец, а како негова наредна дестинација се споменува Јувентус, кој е подготвен да плати 80 милиони евра за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести