Фирмино ќе се проба во Серија А, и тоа во најтрофејниот клуб?

Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино по заминувањето од Ливерпул, како слободен агент би можело да потпише за Јувентус и кариерата да ја продолжи во гигантот од Торино.

Старата дама повторно е заинтересирана за Фирмино. Лани Ливерпул не го пушти Фирмино да си оди, но летово Бразилецот е слободен и клубот од Енфилд веќе не е пречка за негов трансфер во посакувана дестинација.

Досега за 12 години во Европа, Фирмино има играно само за Хофенхајм во Германија и за Ливерпул во Англија, па евентуалниот премин во Јуве би му значело деби во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести