Фирмино: Не ми е гајле дали Манчестер ќе падне во подлабока криза, одиме да ги победиме!

Манчестер јунајтед има бројни проблеми пред вечерашното дерби со Ливерпул, Црвените ѓаволи стравуваат дека нивните навивачи може да направат инцидент и прекин, а и ако биде мирно на трибините, не сакаат да им се повтори сезоната 1986/87, кога во англиското првенство тргнаа со три порази во првите три кола.

Но, во Ливерпул не им е грижа за маките на ривалот, напротив, би им било задоволство ако ја продлабочат кризата на Јунајтед. Тоа го потврди и напаѓачот Роберто Фирмино, кој се враќа во почетниот состав.

„Не ме интересира дали наша победа ќе го потоне Манчестер во уште поголема криза, само ги сакам трите бода. Овој меч секогаш бил голем и важен. Да играш на ‘Олд Трафорд’ е тешко, знам дека фановите ќе бидат задоволни само ако го победиме големиот ривал“, изјави Бразилецот.

Ливерпул не ја почна сезоната како што сакаше, има две ремија.

„Победата ни е повеќе од потребна. Не започнавме како што сакавме, но тоа се само два меча, мирни сме, знаеме дека сме способни за да ја држиме разликата со лидерите минимална“, додава Фирмино, кој место во почетниот состав ќе има поради суспензијата на Дарвин Нуњез, кој беше исклучен во второто коло.

- Оглас -

Најнови вести