Фирмињо од следната сезона ќе игра во Серија А

Бразилскиот репрезентативец, Роберто Фирмињо, донесе конечна одлука на крајот од сезоната да го напушти Ливерпул.

Како следна дестинација во неговата кариера се споменува Серија А од каде дури три екипи пројавуваат сериозен интерес за неговиот потпис, Јувентус, Милан и Интер.

Но, италијанските медиуми пишуваат дека Бразилецот е најблиску до Интер, наводно преговорите се при крај и Нераѕурите во наредните недели би требало да го официјализираат трансферот.

Освен екипите од Серија А, интерес пројавуваат и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Роберто Фирмињо во Ливерпул пристигна во 2015 година од Хофенхајм во трансфер вреден 41 милион евра.

- Оглас -

Најнови вести