Фирмињо по Ливерпул се сели во нов гигант, доаѓа на „Камп Ноу“

Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмињо по завршување на сезоната ќе си замине од „Енфилд роуд“ и кариерата ќе ја продолжи во друг гигант, Барселона, пишуваат англиските медиуми.

Бразилецот во Барселона ќе пристигне како слободен играч бидејќи на крајот од сезоната му истекува договорот со Ливерпул.

Весникот „Дејли мејл“, пишува дека Фирмињо веќе ги договорил сите детали од договорот иако менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се обидува да го убеди да остане барем уште една сезона.

Бразилецот во Ливерпул пристигна 2015 година од Хофенхајм и досега одигра 360 натпревари за Црвените и постигна 109 голови.

- Оглас -

Најнови вести