Фјури е речиси 20 кила потежок од Вајлдер, но тоа не го плаши шампионот

Деонте Вајлдер против Тајсон Фјури, втор дел, за да се види кој боксер е подобар. Двајцата боксери во кариерата никогаш не ја почувствувале горчината на поразот, а првиот меѓусебен дуел пред нешто повеќе од една година, заврши без победник.

Доцна вечерва, односно во недела рано наутро по македонско време, Вајлдер и Фјури ќе боксуваат во  „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас, а наградата е ВБЦ шампионскиот појас во тешка категорија.  Вајлдер е бранител на тронот, а Фјури се надева дека конечно ќе стигне до појасот.

На официјалното мерење на тежината на двајцата боксери, Фјури се покажа дека е речиси 20 килограми потежок. Популарниот Цигански крал е тежок 123,8 килограми, додека актуелниот шампион е тежок 104,8 килограми. Интересно е што двајцата се потешки од тоа што беа на мерењето пред првиот меч. Фјури е потежок за повеќе од седум килограми, а Вајлдер има додадено плус осум килограми.

 

- Оглас -

Најнови вести