Фјури му згрме на Џошуа: Ако не те победам за три рунди го предавам мечот

Тајсон Фјури е сигурен дека брзо би го победил Ентони Џошуа во боксерската битка што се најавува за оваа година како мегаспектакл меѓу двајца боксери што заедно имаат четири шампионски појаси од различни асоцијации.

Договор сè уште нема, иако е најавен, а проблем е терминот и местото на одржување. Се најавуваше за мај, а и двајцата Британци сакаат бокс мечот да биде на „Вембли“ во Лондон.

„Каде и да биде, ќе го разбијам. Јас сум број 1 на светот, а тој не може да издржи повеќе од три рунди против мене. Ако успее да стигне до четвртата, ќе му го предадам мечот“, вели Фјури.

Тој и објави на „Инстраграм“ долг пост во кој го навредува Џошуа, но тоа и не е невообичаено во светот на боксот. Фјури е сопственик на шампионскиот појас во ВБО верзијата, а Џошуа има три од ВБЦ, ВБА и ВБФ боксерските асоцијации, па ако има дуел меѓу нив двајцата, победникот ќе спои покер титули.

- Оглас -

Најнови вести