Фјури го најави спектаклот против Џошуа на 14 август : Не го пропуштајте најголемиот меч во историјата на спортот

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе боксуваат меѓу себе на 14 август во Саудиска Арабија, во меч по кој победникот ќе ги обедини сите четири шампионски круни во различните верзии.

Фјури е шампион во ВБЦ верзијата, а Џошуа ги има трите појаси во ВБА, ВБО и ИБФ асоцијациите, па на 14 август еден од нив ќе ги обедини четирите шампионски круни.

„Ова ќе биде спектакл. Следува најголемиот спортски настан што се случил на панетата земја. Не го пропуштајте“, е најавата на Фјури.

Двајцата Британци по долги преговори, конечно одлучија да ја бијат големата битка во Саудиска Арабија, иако во опција беа и Англија со бокс-дуел на „Вембли“ и Соединетите Американски Држави со опција на неколку локации.

„Саудиска Арабија ќе биде центарот на светот на 14 август. Сите ќе видат како го разбивам Џошуа“, изјави Фјури.

Менаџерите на двајцата боксери сè уште не потврдиле дека има договор за битката на годината на 14 август.

 

- Оглас -

Најнови вести