Фјури: Јас сум најдобар на светот, а Вајлдер е вториот најдобар

Тајсон Фјури го нокаутираше Дионте Вајлдер и од нивната боксерска трилогија заврши како непоразен, а веднаш по победата, во рингот му се заблагодари на Господ, и го цитираше славниот актер од Вестерн филмовите, Џон Вејн.

„Како што кажа големиот Џон Вејн, јас сум составен од железо и челик. Сакам да му се заблагодарам на Бог и спасителот Исус Христос. Јас го славам, а тој ми ги дава овие величенствени победи. Двапати бев на под, не ми беше лесно, Вајлдер силно удира. Сепак, како што кажувам секогаш, јас сум најдобриот боксер на светот во мојата ера, а тој е вториот најдобар. Кога е најтешко, тогаш јас сум најдобар. Ако си играте со оган, ќе се изгорите“ – порача Фјури кој после нокаутот отишол да му искаже љубов и почит на противникот, но тој не му вратил ништо.

- Оглас -

Најнови вести