Тајсон Фјури следниот месец доаѓа во Скопје?

Новиот светски шампион во бокс во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, би можело да дојде во Скопје како гостин на 11-тиот конгрес на Интернационалната ромска Унија кој ќе се одржи од 26 до 29 март.

Според „Рома тајмс“, за настанот најавено е присуство на близу 100 делегати и членови и 50-тина други гости, а меѓу нив може да се случи да биде и Фјури, кој си се нарекува Ромски крал. Во интензивен контакт и преговори со Фјури за доаѓање во Скопје е најстариот член на ИРУ од Велика Британија и Претседател на Демократската транзиција, познатиот ромски активист Гратан Пуксон.

Доколку нема проблем со термините и поклопување со други важни активности, реално е Тајсон Фјури да биде дел од Конгресот во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести