Фламенго во финалето на СКС ќе игра против Ливерпул или Монтереј

Фламенго се пласираше во финалето на Светското клупско првенство по победата од 3-1 над Ал-Хилал во првото полуфинале кое се одигра во Доха. Јужноамериканскиот првак се помачи за да остане во игра за трофејот откако тимот на Ал-Хилал во првите 45 минути дојде до предност со голот на Ал Давсари во 18-тата минута.

Де Араскета и Енрике се погрижија за пресвртот да се случи пред 80-тата минута, а потоа арапскиот состав си постигна автогол во 82-рата минута, пред да остане со играч помалку на теренот.

Фламенго утре ќе го дознае противникот во големото финале, по средбата меѓу Ливерпул и Монтереј.

- Оглас -

Најнови вести