„Флеш“ повторно ќе игра под палката на Гвардиола?

Јувентус планира да го продаде Даглас Коста во следниот преоден рок. Бразилецот оваа сезона често е во аут поради повреди и одигра само 18 меча, на кои забележа два гола и три асистенции, па затоа гигантот од Торино ќе се обиде да се ослободи од него.

Цената сигурно нема да биде ниска, засега нема конкретна сума за која Коста треба да биде продаден, но решение за двете страни има Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег сака да го доведе 29-годишниот офанзивец во своите редови, а богатиот Манчестер сити ќе плати колку што треба, за нив финансиите не се проблем.

Тие двајца соработуваа во Баерн Минхен две сезони, всушност Гвардиола инсистираше на ангажман на Коста од тимот на Шахтар Донецк. Во 2016 година Пеп се пресели на Островот да ги води Граѓаните, а една година подоцна и Коста ја промени средината и заигра во Италија.

- Оглас -

Најнови вести